Прескокни до содржината
ALFA WORD · Неготино 072 272 719ViberWhatsApp

Категории

Помош при избор · 072 272 719ViberWhatsApp

Достава, услуга и гаранција

Нарачајте онлајн и платете во готово — при достава или при подигнување во продавницата во Неготино.

Достава

Бесплатна достава за Неготино и Кавадарци, а подигнувањето во продавницата во Неготино е исто така бесплатно. За остатокот од Македонија цената зависи од производот и локацијата и ја потврдуваме по телефон веднаш по нарачката. Повеќе за доставата

Услуга

Помош при избор и споредба на модели. Проверете ја достапноста со нашиот тим пред да нѐ посетите.

Гаранција

Гарантниот рок зависи од брендот: Favorit, Gorenje и Vivax — 5 години; Fox — 5 години (промоција); Končar — 3 години; Sencor и Bosch — 2 години; Prity, Alfaplam и Plamen — 1 година. Рокот е наведен и на секој производ.

072 272 719ViberWhatsApp

Како да изберете шпорет или камин на дрва

Најчестото прашање во нашата продавница е „Колкав простор ќе загрее?“. Еве го одговорот за 1 минута.

🔥 1 kW ≈ 6 m²
Шпорет на дрва Alfaplam Alfa 70 Favorit

1. Колку kW ви требаат?

Моќноста (kW) е наведена на секој производ. Најдете ја вашата големина на просторот:

5 kW
~30 m²една соба
6–7 kW
35–40 m²кујна + дневна
8–9 kW
50–55 m²мал стан
10–12 kW
60–70 m²стан / кат
15 kW
~90 m²цел кат на куќа
Совет: во добро изолиран дом загрева нешто повеќе, во стара неизолирана куќа помалку. Не земајте премногу јак шпорет за мала соба — ќе мора да го „гушите“, а тоа значи чад, саѓи во ќумците и потрошени дрва.

2. Шпорет, камин или камин со рерна?

Шпорет на дрва Prity 1P 34

Шпорет на дрва

Грее, готвите на плочата и печете во рерната. Најдобар за кујна и дневна соба.

Пример: Prity 1P 34 →
Камин на дрва Blist B1 Eko

Камин на дрва

Само за греење, зафаќа малку место и има стакло за да го гледате огнот.

Пример: Blist B1 Eko →
Камин на дрва Blist Ambasador со рерна

Камин со рерна

Средно решение: камин што грее, со мала рерна и плоча за готвење.

Пример: Blist Ambasador →
На парно (Termo / Alfaterm): модели што освен просторијата ги загреваат и радијаторите во другите соби. Потребна е инсталација за парно — прашајте нè кој модел одговара за вашиот број радијатори.

3. Како правилно да ложите (видео, 1 мин.)

Палење „од горе“: поголеми дрва долу, потпала горе. Помалку чад, повеќе топлина и почисти ќумци.

  1. Користете суви дрва — сечени барем 1 година. Свежите даваат чад и малку топлина.
  2. Ставете ги поголемите цепеници долу, помалите над нив, а потпалата најгоре.
  3. Запалете одгоре и оставете го воздухот отворен додека не се разгори, па намалете.

4. Ќумци — нови или старите?

Проверете го дијаметарот на приклучокот (на пр. Ø120 или Ø130 mm, пишува на секој производ). Старите ќумци може да ги користите ако се ист дијаметар и не се изгорени — исчистете ги пред сезоната. Нови имаме на залиха и ги носиме заедно со шпоретот:

5. Зошто кај нас

🚚
Бесплатна доставаНеготино и Кавадарци — шпоретот и ќумците заедно. Повеќе
💵
Плаќање во готовоПри достава или при подигнување во продавницата.
📦
Го немаме моделот?Го набавуваме за 2–3 дена.
☎️
Совет пред купувањеКажете ни колку m² сакате да загреете и ќе ви препорачаме модел.

Чести прашања

Колку дрва троши шпорет?

Зависи од моќноста, изолацијата и колку часа гори. Сувите дрва даваат многу повеќе топлина од свежите, па трошите помалку.

Лев или десен шпорет?

Тоа е страната на ложиштето (каде ставате дрва). Изберете според тоа каде ќе стои шпоретот и каде е оџакот.

Каква гаранција имаат?

Prity, Alfaplam и Plamen имаат 1 година гаранција. Рокот е наведен на секој производ.

Може ли да дојдам да го видам шпоретот?

Да — моделите на залиха можете да ги видите во продавницата во Неготино, ул. Маршал Тито, пон–саб 09–20 ч.

Најдовте големина? Изберете модел.

Или јавете ни се — ќе ви кажеме кој шпорет е вистинскиот за вашиот дом.